ПроКредит Агро бизнис форум и избор за најпроактивен агро бизнис

...настан за поддршка на иновации и заеднички бизнис можности на домашните земјоделци, преработувачи и трговци

ПроКредит банка има најголемо портфолио на агро бизнис клиенти, со кои градиме долгорочна соработка и се грижиме за постојано унапредување на нивниот бизнис. Токму со таа цел организираме Агро бизнис форум на кој ќе присуствуваат сите релевантни страни во македонското земјоделие: примарни земјоделски производители, преработувачи, откупци на земјоделски производи, Министерство за земјоделие,здруженија на земјоделци и фармери. 
 

Што придобивате со учество на овој настан? 

  • Можност да учестувате во изборот и наградувањето на најпроактивните македонски агро бизниси кои постојано вложуваат во зголемување на својот принос, освојуваат нови пазари, воведуваат иновации во своите производи, процеси и пласмани.Наградените ќе добијат саемска посета на еден од најголемите агро саеми ви Европа, FRUITLOGISTIKA во Германија.
  • Да остварите бизнис контакти за соработка и пласман на Вашите производи.
  • Дирекно да поразговарате со релевантни страни за законските промени и новите можности кои се отвараат во македонскиот агро бизнис.
  • Да погледнете изложба на карактеристични земјоделски производи од домашно потекло.
  • Да разгледате можности за најнови иновации во агро бизнисот.

Кој може да се пријави за учество на изборот за најпроактивен агро бизнис?

Примарни земјоделски производители на една од следните дејности: 
-Житни култури (над 150 декари)
-Раноградинарство (површина на отворено над 15 декари, во оранжерии над 5 декари)
-Долгогодишни овошни насади (површина над 30 декари)
-Сточарство над 15 грла ( за овчарство над 300 грла)
-Сертифицирано органско производство
 
Преработувачи на земјоделски производи од домашно потекло
 
Откупци на домашни земјоделски производи 
 

Како може да се пријавите за изборот на најпроактивен агро бизнис или присуство на настанот?

  • Потполнете ја пријавата за учество на изборот за најпроактивен агро бизнис во печатена форма и доставете ја во било која експозитура на Прокредит Банка во Вашиот град. Превземи пријава ТУКА.
  • Пополнете електронска пријавата за изборот на најпроактивен агро бизнис ТУКА.
  • Потвредете го Вашето присуство на настанот ТУКА. 

Кој е рокот за пријавување?

Пријавете се најдоцна до 30 ноември 2014 година.
 
Прогласувањето на наградените и собирот на македонските земјоделци, преработувачи, откупци и институции за поддршка на земјоделието ќе се одржи на:
 
17.12.2014, СРЕДА ВО 12.00 ЧАСОТ
ХОТЕЛ ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА, СКОПЈЕ 
 

ДОБИТНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ СО САЕМСКА ПОСЕТА НА НАЈГОЛЕМИОТ ЕВРОПСКИ АГРО САЕМ FruitLogistica ВО ГЕРМАНИЈА.