Профил на банката

Структура на ПроКредит Банка

 Почетен капитaл 
во EUR
Број на акцииПроцент на капитал
ПроКредит Холдинг11.786.7552.357.351100,00 %

Заклучно со 31 декември 2015 г.

Род и број на акции 2.357.351 обични акции
Номинална вредност по 1 единица 5 ЕУР

ПроКредит Холдинг

ПроКредит Холдинг (ProCredit Holding) е матична компанија на глобалната групација на ПроКредит Банки. ПроКредит Холдинг е основана како Internationale Micro Investitionen AG (IMI) во 1998 година, од страна на пионерската консултантска компанија за развојно финансирање IPC, која денес како свој единствен акционер е раководена од страна на Zeintinger Invest.

ПроКредит Холдинг е посветен на проширување на достапноста на финансиските услуги во земјите во развој и економиите во транзиција, преку основање групација на банки кои се лидери во обезбедување фер и транспарентни финансиски услуги на многу мали, мали и средни претпријатија, како и за целокупната популација во земјите во коишто функционираат. Освен што ги задоволува потребите за капитал на своите подружници, ПроКредит Холдинг го насочува развојот на ПроКредит банките, именува членови на повисокиот менаџмент и им дава поддршка на банките во сите клучни области на работењето, вклучувајќи го банкарското работење, човечките ресурси и управувањето со ризик. Холдингот се грижи за спроведување на корпоративните вредности на ПроКредит, како и за примена на најдобрите практики во банкарското работење и Базел II принципите за управување со ризик на ниво на групацијата, во согласност со стандардите исто така дефинирани од германските супервизиски институции. Zeintinger Invest е водечки акционер и стратешки инвеститор во ПроКредит Холдинг. Тој е водечка претприемничка сила што стои зад ПроКредит групацијата од самото основање на банките.

ПроКредит Холдинг е јавно-приватно партнерство. Покрај Zeitinger Invest (единствен акционер на IPC) и ProCredit Staff Invest (инвестициски инструмент на вработените во IPC и ПроКредит), други приватни акционери на ПроКредит Холдинг се холандската фондација DOEN, американскиот пензиски фонд TIAA-CREF, американскиот фонд за микрофинансирање Omidyar-Tufts и швајцарскиот инвестициски фонд responsAbility. Јавни акционери на ПроКредит Холдинг се KfW (германска развојна банка), IFC (огранок на Светската банка во приватниот сектор), FMO (холандска развојна банка), BIO (белгиска инвестициска компанија за земји во развој) и Proparco (француска инвестициска и промотивна компанија за економска соработка).

Правната рамка на ПроКредит Холдинг е таканаречена КГаА (Kommanditgesellschaft auf Aktien) или командитно друштво со акции. Ова е правна рамка што не е невообичаена во Германија и што, во основа, може да се третира како акционерско друштво во коешто улогата на органот на управување ја презема еден комплементар и во коешто комплементарот има право да дава согласност за одредени клучни акционерски одлуки. Во случајот на ПроКредит Холдинг, комплементарот е една мала одделна компанија којашто е во сопственост на главните акционери од ПроКредит Холдинг АГ & Ко. КГаА: Zeitinger Invest, ProCredit Staff Invest , DOEN, KfW и IFC. Структурата КГаА ќе ѝ овозможи на ПроКредит Холдинг во иднина да подига капитал без прекумерно да го разводнува влијанието на главните акционери во залагањето групацијата да ги задржи и двете цели: влијание во развојот и комерцијален успех.

ПроКредит Холдинг има рејтинг со инвестициска оценка (BBB), доделен од Агенцијата Fitch Ratings.
http://www.procredit-holding.com