Банка за мојот бизнис

Акредитиви

Разбираме дека за Вашиот увоз и извоз на стоки и услуги значајна е сигурна и навремена достава како и навремено плаќање од Вашите деловни партнери во странство. Затоа Ви нудиме можност за користење на акредитиви кои значително ќе ја зголемат сигурноста на бизнис релацијата и ќе го олеснат работењето со Вашите добавувачи и клиенти.

ПроКредит Банка Ви го гарантира процесот на плаќање, што е од особено значење за секој бизнис.

Што претставува акредитивот?

Акредитивот може да Ви помогне при обезбедување на плаќањето на стоките/услуги. Тој е писмено преземена обврска за плаќање од страна на банката на одредена сума на продавачот (корисникот) на акредитивот откако ќе бидат исполнети условите од акредитивот.

За да се обезбедат овие услови корисникот треба да презентира претходно дефинирани документи до номинираната банка како доказ дека стоките се испорачани во рамките на точно утврден временски период и на начин утврден во акредитивот.
 

Какви видови акредитиви можам да користам од ПроКредит Банка?

Акредитиви плативи по видување
Кај овој тип на акредитиви плаќањето се врши по видување т.е. по презентација на меница и/или останати документи, во банката номинирана да го изврши плаќањето. Оваа банка ќе го изврши плаќањето доколку сите документи се во согласност со условите на акредитивот. Правилата и’ дозволуваат на номинираната банка плаќањето да го изврши најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на документите.

Акредитиви со одложено плаќање
Издавачата банка презема обврска дека ќе го спроведе плаќањето на точно назначен датум во иднина, доколку документите се во согласност со условите на акредитивот.

Банката ја плаќа вредноста на документите во зависност од условите наведени во акредитивот на идна дата (60, 90 дена) т.е. XX денови од приемот на документите кои се во согласност со акредитивните услови.

Конфирмиран акредитив
Конфирмирајќи го акредитивот, авизирачката банка презема обврска да го изврши плаќањето на презентираните исправни документи. Оваа обврска е независна од неотповикливата обврска на издавачката банка. Конфирмирачката банка презема обврска за плаќање без оглед на тоа дали издавачката банка е во состојба да го изврши плаќањето.

Дали ПроКредит Банка има меѓународен рејтинг од официјална рејтинг агенција?

ПроКредит Банка е единствена банка во Република Македонија која е рангирана според Fitch Ratings со кредитен рејтинг BBB- со стабилен тренд на развој. Потврдата на овој меѓународен рејтинг можете да ја доставите до Вашите партнери во земјата и странство.

Како да аплицирам за издавање на акредитив?

  • Аплицирајте on-line или со пополнување на барање за издавање на акредитив
  • Информирајте ја банката на деловниот партнер за испраќање на лоро акредитив до ПроКредит Банка
  • За дополнителни информации обратете се во Контакт центарот на банката 02/ 2446 000 или info@procreditbank.com.mk

25.03.2017
  • EUR 61,35 61,6942 61,80
  • USD 0 57,0978 0
  • CHF 0 57,5613 0
  • GBP 0 71,2404 0