Физички лица

Штедење на еко штедна сметка

Еко штедна сметка ја симболизира граѓанската општествена одговорност за заштита на животната средина и со овој производ се заокружува палета на производи во доменот на нашата Еко страгегија. 

Заштедените средства од штедната сметка се користат како ресурс за пласман на ЕКО кредити со повластена каматна стапка кои подржуваат реализација на проекти во доменот на: eнергетската ефикасност, намалена емисија на ЦО2, обновливите извори на енергија, како и заштита на животната средина.

Со еко штедење ќе дадете поголем стимул за едно претпријатие или граѓани да се одлучат за еко инвестиција, која би дала позитивен ефект кон заштитата на животната средина.  

Како се користат средствата од мојата еко штедна сметка?

Што добивате доколку штедите на штедна сметка преку ПроКредит Банка?

  • Можност да оставите позитивно влијание на животната средина
  • Можност да вложувате повеќекратно, кога и колку можете без присуство во експозитура (со електронско банкарство или траен налог од Вашата трансакциска на штедна сметка
  • Можност да ги подигнете Вашите средства од банкомат во било кој момент, а сепак да заработите камата на преостанатите средства на Вашата штедна сметка.


 Каматна стапка

Прилагодлива

МКД

0,75%

ЕУР 

0,40%

Исплата на камата

Годишно, на крајот на годината

Минимален влог

18.000МКД/ 300ЕУР

            За каматни стапки за штедење во други валути, погледни тарифник.

Како да отворите сметка за штедење?

Со документ за лична идентификација (лична карта или пасош) во било која експозитура на ПроКредит Банка (погледни мапа на експозитури)

Што Ви предлагаме?

  • Активирајте траен налог за редовна уплата на средства на Вашата штедна сметка. Така полесно ќе осигурате сигурна заштеда.

  • Управувајте со Вашата заштеда од Вашата трансакциска на штедна сметка, преку електронско банкарство.

  • Побарајте поврзување на Вашата штедна сметка со платежна картичка во било која експозитура за достапност до Вашата заштеда на банкомат.

                             

 ПроКредит Банка е банка со доминантен германски капитал и гарантира сигурност на вложените средства од страна на штедачите. Дополнително ПроКредит Банка ги осигурува депозитите на своите штедачи во Фондот за осигурување на депозити. 

 
22.02.2017
  • EUR 61,35 61,4937 61,80
  • USD 0 58,3598 0
  • CHF 0 57,8003 0
  • GBP 0 72,4649 0