Банка за мојот бизнис

Форфетирање на акредитив

Разбираме дека е предизвик да се биде извозник во Македонија. За Вашиот извоз на стоки потребен Ви е инструмент кој ќе Ви овозможи претворање на зделката од одложено плаќање во готовинска трансакција. Затоа Ви нудиме можност за користење на форфетирање што ќе ја зголеми конкурентноста на вашите стоки во странство.

Што претставува форфетирање?

Форфетирање (дисконтирање) на акредитив претставува откуп на трговско побарување кое произлегува од извршен извоз на стоки и услуги со наплата од банката форфетер (банката на корисникот на акредитивот) на иден (договорен) датум.

Откупот на побарувањето е без право на регрес, а извозникот (продавачот на стоката) ги добива средствата намалени за каматата на банката форфетер (банката на корисникот на акредитивот).

Како да аплицирам за форфетирање?

  • Аплицирај за форфетирање со пополнување на барање за форфетирање на акредитив
  • Информирај ја банката на деловниот партнер за испраќање на акредитивот до ПроКредит Банка
  • За дополнителни информации обратете се во Контакт центарот на банката 02/ 2446 000 или info@procreditbank.com.mk

21.01.2017
  • EUR 61,35 61,4949 61,80
  • USD 0 57,8394 0
  • CHF 0 57,3272 0
  • GBP 0 71,0103 0