Дознај повеќе за енергетско ефикасни решенија

Што означуваат и како да ги читаме енергетските ознаки?


Европската Унија во 2010 година донесе нова Директива за означување по пат на етикетирање и стандардни информации на производите, за потрошувачката на енергија и други ресурси за производите кои што влијаат врз потрошувачката на енергија (2010/30/EU). Целта е крајните купувачи на јасен и едноставен начин да бидат известени за ефикасноста на уредите како и при купувањето да се определат за енергетски поефикасни уреди.
 
Тука се јавува прашањето како да ги разликуваме електричните апарати кои имаат поголема енергетска исористеност од оние кои имаат помала. Производи кои треба да бидат означени со етикети се: разладни производи – фрижидери, телевизори, машини за перење и сушење на алишта, машини за миење на садови, електрични шпорети, клима уреди и сијалици.
 
Снабдувачите и дистрибутерите треба да обезбедат технички промотивен материјал, кој ги опишува специфичните технички параметри на производот.

Изгледот на етикетата со ознаки за енергетска ефикасност е прикажана на слика 1. 
 
                                                                  
 
                                             
                                           Слика 1. Етикета со ознаки за енергетска ефикасност

Следните податоци ја сочинуваат информацијата која треба да биде содржана на етикетата во согласност со слика 1.

I – името или трговската марка на снабдувачот;
II – идентификација на моделот даден од снабдувачот;
III – класа на енергетска ефикасност на уредот (соодветната буква треба да се постави во иста височина со врвот на стрелката на соодветната класа на енергетска ефикасност; 
IV – на оваа место може да се додаде специјална етикета (еко-етикета на Европска Унија);
V – потрошувачката на електрична енергија според стандардот EN 153, но изразена во kWh годишно (т.е за 24 часови);
VI – вкупниот нето волумен на складирање на сите оддели за свежа храна кои не подлежат на означувањето со ѕвездички (т.е. со работна температура > - 6°C);
VII – вкупниот нето волумен на складирање на сите оддели за замрзната храна кои подлежат на означувањето со ѕвездички (т.е со работна температура ≤ - 6°С);
VIII – означување со ѕвездички на одделот за замрзнување на храна во согласност со релевантните стандарди (во случај кога овој оддел не подлежи на означувањето со било каква ѕвездичка, оваа позиција се остава празна);
IX – Таму каде што е возможно се наведува податок за измереното ниво на бучава.

Вкупниот број на класи е седум (А, B, C, D, E, F, G). Скалата на ефикасност (А, B, C, D, E, F, G) ги рангира уредите од најдобри (А) до најлоши (G), додека зелената боја не етикетата означува “повеќе енергетски ефикасен уред”, а црвената боја означува “помалку енергетски ефикасен уред”. Три дополнителни класи (А+, А++, А+++) може да бидат додадени кон класификацијата ако е потребно со оглед на брзиот технолошкиот прогрес. Кај машините за миење на садови и машините за перење на алишта, освен за енергетската ефикасност, постои и ознака за ефикасност на перењето (потрошувачка на вода) и ефикасност на сушење, на пример ААВ. Подетални инфомации за енергетските класи погледнете во извадокот од Правилникот за означување на потрошувачката на енергија и другите ресурси за производите што користат енергија. 

Еве некои примери што означуваат енергетскиоте ознаки во потрошувачката на електрична енергија:
  • Машината за перење на алишта од А класа троши 8% помалку електрична енергија од онаа од В класа, додека разликата помеѓу класите В и С изнесува дури 17%. 
  • Светлосните уреди - светилките од А класа (флуоресцентни) трошат од 45-80% помалку електрична енергија во однос на оние од D класа (обичните).
  • При купување на енергетски ефикасни уреди најдобро може да се воочи предноста на пооделните класи кај уреди кои постојано се вклучени на електрична енергија (како на пример фрижидерот). 
  • Старите фрижидери, кои според денешната класификација би спаѓале во подолните класи (D, Е, F, G) во просек трошат околу 2000 kWh електрична енергија годишно. Новите фрижидери од А енергетска класа во просек имаат за половина помала потрошувачка, односно трошат во просек околу 1000 kWh годишно. Според ова  правиме заштеда на електрична енергија од 1000 kWh. Ако тоа се помножи со цената на еден киловатчас (4.5 евроценти) се добива заштеда од 45 евра или 2750 денари годишно. Обично, разликата во цените помеѓу фрижидерите со ист волумен и функционалност од овие две класи во просек е од 3000 до 4000 денари. Меѓутоа, ако се земе предвид векот на траење на еден фрижидер од средна квалитетна класа дека е 12 – 13 години, како и заштедата во електрична енергија, се добива дека ценовната разлика се исплаќа за само 1.5 година преку намалена сметка за струја, а секоја понатамошна заштеда е само бонус на сметката.

Постојат две причини поради кои треба да внимаваме за енергетската ефикасност на уредите и тоа: сметките за потрошена електрична енергија ќе бидат намалени и ќе имате намалена потрошувачка на енергија која повлекува зачувување на природните расурси, околината, а најважно од се придонесува за почиста животна средина.
 
                                                               
24.01.2017
  • EUR 61,35 61,5205 61,80
  • USD 0 57,4153 0
  • CHF 0 57,3511 0
  • GBP 0 71,4109 0