Банка за мојот агро бизнис

Трансакциска сметка и платен промет

Да ја започнеме заедничката соработа со Вашата основна трансакциска сметка. Со поседување на оваа сметка имате можност за едноставен и брз платен промет во земјата, пристап до останатите услуги на банката, како и можноста да добиете бесплатен личен советник кој ќе Ви помогне во целосната работа на Вашиот земјоделски бизнис.

Што добивате со трансакциската сметка Во проКредит Банка?

  • Брзо и едноставно извршување на налози за плаќања: интерно во рамки на банката, кон други банки во земјата и странство
  • Извршување на готовински трансакции
  • Користење на краткорочни дополнителни средства на сметка (минусно салдо)
  • Камата на позитивно салдо на трансакциска сметка и можност за орочување на депозити со фиксни каматни стапки

Како да отворам трансакциска сметка на правно лице?

  • Лицето кое е овластено да го застапува претпријатието потребно е да ја посети која било експозитура на ПроКредит Банка заедно со документите наведени подолу (види локации на експозитури).

Потребни документи за отворање на трансакциска сметка на правно лице:

  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен регистар
  • ЗП Образец, заверен на нотар
  • Документ за идентификација на законскиот застапник (лична карта или пасош)

Какви плаќања можам да извршувам преку мојата трансакциска сметка?

  • Итни плаќања на кој било износ или плаќања на големи износи (над 1.000.000 денари) донесени до 16.00 часот преку МИБС системот
  • Редовни плаќања кои се реализираат во текот на работниот ден доколку се донесени до 13 часот преку КИБС системот
  • Интерни трансфери кои се најповолни доколку и испраќачот и примателот на средствата имаат трансакциски сметки во ПроКредит Банка

25.03.2017
  • EUR 61,35 61,6942 61,80
  • USD 0 57,0978 0
  • CHF 0 57,5613 0
  • GBP 0 71,2404 0