Кредитната агенција “Fitch” го усогласи рејтингот на 
ПроКредит Банка со кредитниот рејтинг на Македонија


Меѓународната агенција за кредитен рејтинг, “Fitch” на 19 август 2016 година го намали кредитниот рејтинг на државата Македонија на “ББ”, кое се должи на политичката криза во Македонија. 
 
Согласно тоа, рејтингот на ПроКредит Банка е усогласен единствено поради промените на рејтингот на Македонија. Ниедна институција неможе да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно. ПроКредит Банка Македонија има рејтинг уште од Ноември 2005, откога и Македонија како држава добива рејтинг.  
 
ПроКредит Банка е единствената банка во Македонија која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Фич и сеуште го има највисокиот рејтинг на банка во Македонија. Рејтингот е резултат на квалитетното кредитно портфолио, навремено обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност. 
ПроКредит Банка е 100% Германска банка, дел од ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт, Германија со кредитен рејтинг од БББ со стабилен изглед. 
 
Македонија го има добиено својот прв кредитен рејтинг ББ во 2005 од страна на агенцијата Фич, врз основа на ниската стапка на инфлација и умерениот јавен долг. Во 2006 година истиот е подобрен на ББ+ поради позитивните односи со ЕУ и потенцијално членство во унијата. Веќе 10 години агенцијата Фич го потврдува овој рејтинг за Македонија се до сега, кога поради долгорочната политичка криза и намалениот економски раст се намалува кредитниот рејтинг на ББ.
 
 
                    -----------------------      -----------------------      -----------------------      -----------------------
Што е кредитен рејтинг? Кредитен рејтинг претставува оценка на кредитоспособноста на една институција и нејзините можности навремено да одговори на обврските кон доверителите. Процесот на утврдување на кредитен рејтинг вклучува евалуација на голем број финансиски и економски показатели. Единствено специјализирани рејтинг агенции може да го потврдат кредитниот рејтинг на една институција или држава.
 
Која е Fitch Rating, London? Aгенцијата Fitch е светски лидер во оваа област, специјализирана за детални истражувања и доделување на кредитен рејтинг на финансиски институции ширум светот. Деловните корпорации, банки или финансиски институции кои сакаат да добијат кредитен рејтинг, потребно е да покажат само-иницијатива и да ја контактираат рејтинг агенцијата која праќа стручни лица, за да ја потврдат. Окако еднаш ќе се утврди кредитниот рејтинг на институцијата, истиот се ревидира барем еднаш годишно.
 
Какво е значењето за една инстутуција која има рејтинг? Кредитниот рејтинг им овозможува на инвеститорите да добијат слика за една земја или институција, кои врз основа на оценката носат одлука за деловна соработка со истите. Рејтинг агенциите го класифицираат кредниот ризик согласно однапред утврдени групи со различно ниво на ризик. 
 
Што значат класификациите и оценките? Најдобрата кредитна група е А –ниско ниво на ризик, потоа е Б –умерен кредитен ризик и групи Ц и Д–со високо ниво на ризик. Разлики во степенот на кредитен ризик постојат и во рамки на одделните групи – со додавање на дополнителни букви или ознаки ,,+,” и ,,–“ за очекуваните изгледи во иднина. Врз основа на ова, максимален кредитен рејтинг во Б кредитна група би бил БББ, а најнизок Б.
 
Во ситуации на ревидирање на кредитен рејтинг на една држава, следствено се усогласува и рејтингот на економските институции со оној на државата. Економските субјекти не смеат да имаат повисок рејтинг од рејтингот на државата, поради ризикот кој постои во тоа окружување.