Процесирање на електронски налози без провизија

 
ПроКредит Банка континуирано вложува во унапредување на услугата кон клиентите и со цел поповолни провизии за процесирање на електронско банкарство ја проширивме соработката со јавните и приватните претпријатија кои работат во доменот на комуналии.
 
Отсега, сите физички и бизнис клиенти на ПроКредит Банка ќе може да процесираат налози за комуникалии БЕЗ провизија кон следниве претпријатија:
Централен Регистер 
Комунална Хигиена
МРТВ – за радиодифузна такса

По процесирање на налозите нема потреба од заверка на налогот во нашите експозитури. Доволно е да приложите испечатен налог со статус: КОНЕЧНО РЕАЛИЗИРАН со цел да го потврдите Вашето плаќање.
 
Подоле може да ги видите и сите останати компании со кои ПроКредит Банка соработува и кон кои може да процесирате електронски налози без провизија:
Водовод Битола
ЈП Водовод и канализација Скопје
Balkan Energy Group
АД Топлификација
Снабдување запад/исток/ центар
ЕСМ- ЕВН за електрична енергија
ЈП Комуналец Битола
ЈП Комуналец Гостивар
ЈП Комунална Хигиена Скопје
ЈП Нискоградба Охрид
ЈП Охридски Комуналец
Нискоградба Битола
Кабелнет Прилеп
МРТВ – РТВ
Роби Кабловска Штип
АД Македонски Телеком
АНИЦ Системи Доо
Неотел Доо
Т-Мобиле

ПроКредит Банка со ново работно време 


Банкарска услуга прилагодена на потребите на физичките лица


Со цел поголема достапност за клиентите, ПроКредит Банка од 1ви демеври, го адаптира работното време на сите свои експозитури. Советниците за клиенти на банката ќе бидат достапни за клиентите во период од 09.00 до 17.00 часот секој работен ден, а сите оние кои работат до подоцните часови ќе може да ја посетат и експозитурата во Карпош, дел од Централата на банката, во период од 08.00 до 19.00 од понеделник до петок. 
 
ПроКредит Банка располага со најсовремена мрежа на експозитури низ цела Македонија со интегрирана Зона 24/7 на сите свои локации кои овозможуваат достапна, безбедна и брза услуга во секое време, во неработни денови, празници и викенди. Во рамки на Зона 24/7, клиентите на ПроКредит имаат пристап до уникатни електронски услуги: дополнување на тековни и штедни сметки преку банкомат и тоа во следниве валути: денари, евра и долари, процесирање електронски налози преку инфо терминал и директно поврзување со контакт центарот на банката.
 
ПроКредит е првата автоматизирана банка во Македонија која нуди електронски готовински и безготовиснки трансакции и се фокусира на професионална и советодавна услуга за физички лица и нуди одлични услови за банкарско работење согласно потребите на клиентите.

ПроКредит Банка е добитник на Златна Монета за најдобра банка

ПроКредит Банка е добитник на признанието “Златна Монета” за најдобра банка, кое го доделува Сојуз на Стопански Комори на Македонија. Признанието се доделува на најуспешните компании кои придонесуваат за развој на националната економија и се пример за успешно работење како на домашниот, така и на странскиот пазар. ПроКредит Банка е првата 100% автоматизирана банка која за прв пат во Македонија воведе банкарска услуга 24 часа на ден преку Зона 24/7 и имплементираше иновативни мерки за развој на банкарската услуга во Македонија.

Свечената Академија се одржа на 03.11.2016 и беше организирана од страна на Сојуз на Стопански Комори на Македонија во чест на афирмирање на успешните примери во бизнис секторот и истакнатите деловни успеси на стопанството за 2016, а признанијата “Златна Монета” беа доделени од страна на г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и г-дин Кирил Миноски, Министер за финансии на Р.Македонија.
 
“Не постои поголемо признание за успех и квалитет на една компанија од тоа да го издвојат и препознаат неговите потрошувачи, добавувачи, соработници, партнери. Не е лесно да се води бизнис, но компаниите изнаоѓаат начини како да опстанат, да го зголемат бројот на вработувањата, да ги зголемат своите капацитети и да бидат успешни не само на домашниот пазар туку својата дејност да ја прошируваат и надвор од границите на нашата земја“ – истакна во своето обраќање претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска.
 
   


НОВИ ЛОКАЦИИ НА БАНКОМАТИ 

 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека ПроКредит Банка ја менува и освежуваме мрежата на банкомати во целата земја. Новите банкомати ќе бидат поставени на повидливи, атрактивни и подостапни локации и ќе имаат 24/7 надзор за Ваша безбедност и сигурност. 
Банкоматите се поставени на дел од овие локации (обележани со зелено), а останатите се во процес на поставување кој ќе трае накајсно до Нова Година.
 
Локации на новите банкомати се:
 
 Воедно, вршиме и повлекување на дел од постоечките локации на банкоматите и поставуваме информација со најблиските локации за следен банкомат.  Имајте во предвид дека банкоматите на следниве локации ќе бидат отстранети во периодот до Нова Година.
Скопје:
 
ТЦ Бисер
СП маркет Кисела Вода - oтстранет
Драчево - отстранет
Лептокарија - oтстранет
СП маркет Тафталиџе - отстранет
СП Планет - отстранет
Марком – Аеродром - отстранет
Даре Џамбаз - отстранет
Ченто - отстранет
СП Маркет Автокоманда - отстранет
Сарај
Леонтиќ - отстранет
 

Други градови:
 
Штип – аптека Радолек - отстранет
Пробиштип - отстранет
Велес Академија - отстранет
Битола Клинички Центар- отстранет
Тетово Штулов
Тетово Седра
Струга - Интек - отстранет
Охрид Цвеќара Мартина - отстранет
Кичево - отстранет 
Кочани - отстранет

Кредитната агенција “Fitch” го усогласи рејтингот на 
ПроКредит Банка со кредитниот рејтинг на Македонија


Меѓународната агенција за кредитен рејтинг, “Fitch” на 19 август 2016 година го намали кредитниот рејтинг на државата Македонија на “ББ”, кое се должи на политичката криза во Македонија. 
 
Согласно тоа, рејтингот на ПроКредит Банка е усогласен единствено поради промените на рејтингот на Македонија. Ниедна институција неможе да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно. ПроКредит Банка Македонија има рејтинг уште од Ноември 2005, откога и Македонија како држава добива рејтинг.  
 
ПроКредит Банка е единствената банка во Македонија која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Фич и сеуште го има највисокиот рејтинг на банка во Македонија. Рејтингот е резултат на квалитетното кредитно портфолио, навремено обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност. 
ПроКредит Банка е 100% Германска банка, дел од ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт, Германија со кредитен рејтинг од БББ со стабилен изглед. 
 
Македонија го има добиено својот прв кредитен рејтинг ББ во 2005 од страна на агенцијата Фич, врз основа на ниската стапка на инфлација и умерениот јавен долг. Во 2006 година истиот е подобрен на ББ+ поради позитивните односи со ЕУ и потенцијално членство во унијата. Веќе 10 години агенцијата Фич го потврдува овој рејтинг за Македонија се до сега, кога поради долгорочната политичка криза и намалениот економски раст се намалува кредитниот рејтинг на ББ.
 
 
                    -----------------------      -----------------------      -----------------------      -----------------------
Што е кредитен рејтинг? Кредитен рејтинг претставува оценка на кредитоспособноста на една институција и нејзините можности навремено да одговори на обврските кон доверителите. Процесот на утврдување на кредитен рејтинг вклучува евалуација на голем број финансиски и економски показатели. Единствено специјализирани рејтинг агенции може да го потврдат кредитниот рејтинг на една институција или држава.
 
Која е Fitch Rating, London? Aгенцијата Fitch е светски лидер во оваа област, специјализирана за детални истражувања и доделување на кредитен рејтинг на финансиски институции ширум светот. Деловните корпорации, банки или финансиски институции кои сакаат да добијат кредитен рејтинг, потребно е да покажат само-иницијатива и да ја контактираат рејтинг агенцијата која праќа стручни лица, за да ја потврдат. Окако еднаш ќе се утврди кредитниот рејтинг на институцијата, истиот се ревидира барем еднаш годишно.
 
Какво е значењето за една инстутуција која има рејтинг? Кредитниот рејтинг им овозможува на инвеститорите да добијат слика за една земја или институција, кои врз основа на оценката носат одлука за деловна соработка со истите. Рејтинг агенциите го класифицираат кредниот ризик согласно однапред утврдени групи со различно ниво на ризик. 
 
Што значат класификациите и оценките? Најдобрата кредитна група е А –ниско ниво на ризик, потоа е Б –умерен кредитен ризик и групи Ц и Д–со високо ниво на ризик. Разлики во степенот на кредитен ризик постојат и во рамки на одделните групи – со додавање на дополнителни букви или ознаки ,,+,” и ,,–“ за очекуваните изгледи во иднина. Врз основа на ова, максимален кредитен рејтинг во Б кредитна група би бил БББ, а најнизок Б.
 
Во ситуации на ревидирање на кредитен рејтинг на една држава, следствено се усогласува и рејтингот на економските институции со оној на државата. Економските субјекти не смеат да имаат повисок рејтинг од рејтингот на државата, поради ризикот кој постои во тоа окружување. 

VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА

VISA интернет картичката е сигурна картичка за интернет плаќања поврзана со посебна наменска сметка на која може да се контролира лимитот на картичката преку Вашето електронско банкарство. Наменета е за плаќања преку интернет, како и на ПОС терминали на кои се прави рачно внесување на бројот на картичката и останати параметри со цел да се направи плаќање ( Хотели, Агенции за изнајмување возила и слично) и истата е наменета за интернационална употреба.
Картичката не може да се користи за повлекување на средства од банкомати или плаќање на ПОС терминали каде се бара физчко повлекување на магнетна лента или читање на чип апликација.

Картичката не се персонализира на пластика, истата се печати на соодветна форма одобрена од банката на која се дадени бројот на картичката , CVV2 кодот, датум на истекување како и името и презимето на корисникот.
Картичката се поврзува само со наменски отворена сметка и истата не може да се поврзе со останатите типови на сметки.
Картичката може да се користи за трансакции на интернет страници кои не бараат или не процесираат CVV2. Потребно е преку своето електронско банкарство да депонира средства на наменската сметка со цел да може да се направи плаќање.Задолжително со апликација за VISA интернет картичка клиентот треба да отвори и Е-банкинг со цел да може да извршуваат соодветни трансфери од трансакциска сметка на наменската сметка, како и да се врши контрола на авторизираните трансакции.

Картичката може да ја добие секое полнолетно лице/постар малолетник  со валиден документ за идентификација. Картичката се издава како на правни така и на физички лица. Картичката е со рок на важност 3 години и со годишна чланарина од 60 мкд додека за трансакциската сметка со која е поврзана и не се наплаќа месечен надомест.

 

Специјална понуда за транспортери членки на МАКАМТРАНС

ПроКредит Банка е специјализирана банка за претпријатија. Го разбираме Вашиот бизнис и активно поддржуваме транспортни претпријатија токму како Вашето. Сакаме да Ве поддржиме во Вашите планови за инвестирање и работа  во престојната сезона. Ве покануваме да пробате брза, ефикасна и поквалитетна финансиска услуга. Како резултат на долгогодишната соработка со Вас и здружението на транспортери Макамтранс, за Вас подготвивме понуда со преференцијални услови. 

КРЕДИТИ ВО ЕВРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВОЗИЛА-нови и половни влекачи (ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард) :

Понуда за претпријатија со приходи над 120.000.000 МКД годишно

  • Фиксна каматна стапка за целиот период од 4,5% 
  • Рок на отплата до 84 месеци 
  • Обезбедување Хипотека за рокови до 84 месеци и подвижен залог за рокови до 60 месеци  
  • Грејс период од 6 месeци 
  • Каско осигурување не е задолжително 
  • 0% провизија при исплата

 Понуда за претпријатија со приходи до 120.000.000 МКД годишно

  • Фиксна каматна стапка за целиот период од 5% 
  • Рок на отплата до 84 месеци 
  • Обезбедување Хипотека за рокови до 84 месеци и подвижен залог за рокови до 60 месеци  
  • Грејс период од 6 месeци 
  • Каско осигурување не е задолжително 
  • 0% провизија при исплата
 

VISA BUSINESS ELECTRON картичката е одлично решение за Вашите бизнис плаќања. 

Наместо да повлекувате аванс за службени патувања, за гориво и трошоци за вашите вработени, плаќањата можат да се вршат со картичката.  Салдото го одредувате вие и имате потполна контрола на трошоците.    

Ве очекуваме во нашите експозитури. Погледнете мрежа на експозитури во Македонија.

ПроКредит Банка

Контакт Центар

02/2446 000 

Со повеќе од 1.000 гости ПроКредит Банка свечено ја отвори Централната Управа - единствена зграда од ваков тип во Македонија

На прославата со повеќе од 1000 присутни гости – акционерите од ПроКредит Холдинг од Германија, претставници од дипломатскиот кор: Амбасадорот на САД Г-дин Бејли и Амбасадорката на Р Германија Др. Кристине Алтхаузер, менаџментот и вработените на ПроКредит Банките од Романија, Украина, Грузија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Албанија и Грција, клиенти, соработници и пријатели на банката, свечено се отвори новата Централна управа на ПроКредит Банка. Уште една значајна инвестиција од ПроКредит Банка, изградена според најсовремени енергетско ефикасни стандарди и изведена од македонски градежни компании и архитекти.
 
Гувернерот Богов со почесен збор прв се обрати на присутните, потенцирајќи дека ПроКредит отсекогаш била и останала 100% германска банка и досега има дадено значителен придонес кон модернизацијата и унапредувањето на банкарскиот сектор со позитивниот пример на 24/7 Зона. Богов ја потенцираше и улогата на НБРМ како конзервативен регулатор на банкарскиот систем во РМ, во одржувањето на стабилен курс на денарот и чување на солидни девизни резерви. 
       
Германската Амбасадорка Др. Кристине Алтхаузер, ја спореди новата Централна управа со современите европски особено германски објекти градиени по највисоки енергетски стандарди и го поддржа начинот на работење на банката преку автоматизирани зони кои нудат банкомати и за уплата и за исплата за пари – денари, евра и кованици.
 
Претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка Македонија, и Член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, Г-дин Борислав Костадинов наведе дека ПроКредит Холдинг како 100% акционер на ПроКредит Банка ги поддржува заложбите на банката за одговорно банкарство, подобра и поквалитетна банкарска услуга за малите и средни препријатија во РМ, преку постојани инвестиции во кадарот и технологијата во експозитурите.  
       
Јованка Јолеска Поповска, Генерален Директор на ПроКредит Банка им посака успех и добра соработка на клиентите и на вработените во модерна и соверемена централна управа. Таа ги посочи сите предности кои македонските граѓани и бизнисмени имаат можност да ги користат: врвен кадар на професионалци кои работат со најпродуктивниот сегмент од македонските претприемачи, широка мрежа на банки во регионот за брзи и најповолни трансфери, банка со најсовремена технологија за услуга 24/7, први на пазарот со банкомати за уплата и исплата на ЕУР и МКД готовина во секое време, дури и од штедна сметка.
 
Зградата лоцирана на ул Илинденска е со минимална емисија на ЦО2 и голем придонес за чиста животна средина: зградата располага со 100 фотоволтаици кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби, има сопствени електрични станици за полнење на електричните возила, има зелени градини на терасите.
  
 

Каде одат Вашите заштеди

Во месецот на штедење Октомври, за граѓаните се актуелни понудите за штедење од банките, но дали некој се запрашува за тоа каде се пласираат парите оставени во банка?
 
Како германска банка, која се раководи по принципите на одговорно банкарство, ПроКредит Банка покренува едукативна aкција со цел да ги информира граѓаните за тоа како една банка ги користи средствата кои се депонираат од населението? 
 
Знаеме дека со орочување пари во банка, се добива камата, а банката работи со нив и ги инвестира. Тие пари не седат заклучени во сефовите, тоа би било не-ефикасно, туку се користат за пласмани во форма на кредити и инвестиции за најразлични намени.
 
ПроКредит отворено зборува за својот пример: Граѓаните имаат право да знаат каде и во кои индустрии се пласираат нивните пари. ПроКредит ги вложува депозитите од граѓаните  во развој на македонската економија. 
95% од кредитното портфолио на ПроКредит Банка е пласирано во бизнис кредити за малите и средни претпријатија во Македонија, во инвестиции за развој на производствените компании, трговијата, енергетско ефикасните проекти, агро секторот и слично.
 
Позади секој одобрен кредит стои детална анализа на бизнисот и кредитоспособноста на претпријатието кое се кредитира. ПроКредит не кредитира ризички инвестиции, како и проекти со кои и се наштетува на животната средина, не инвестира во шпекулативни акции и не финансира политички тела во земјата. 
Кредитното портфолио на ПроКредит Банка е неколку пати подобро во однос на банкарскиот сектор во Македонија и има само 2,37% нафункционални кредити. Како резултат на ниското ризично портфолио, ПроКредит Банка е сигурен избор за заштедите на населението.
 
ПроКредит Банка активно поттикнува култура на штедење и во понудите нема комплицирани депозитни производи кои се тешко разбирливи како функционираат и кои се тешко споредливи со останатите банки. Во Прокредит Банка постои традиционален и безбеден начин на креирање заштеди со транспарентни периоди и јасно утврдени каматни стапки.
 
Како уникатен начин за штедење единствено во ПроКредит може да штедите на  штедна сметка, која овозможува пристап заштедите во секое време, преку картичка на банкомат. Граѓаните може да депонираат дополнителни средства или да повлекуваат  заштеди кога и да им затреба, а добиваат камата на остатокот на износот на штедната сметка. Постои можност и за орочување на заштедите и тоа дури до 5 години.
 
Голем дел од кредитното портфолио на ПроКредит Банка е поддржано од депозитите на населението. На тој начин Вашата заштеда расте и истовремено придонесувате за развој на бизнисите во Македонија.