СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ

ГОЛЕМ БРОЈ ПРИДОБИВКИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Започнувајќи од 01.03.2017 воведуваме СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ за физички лица, кој вклучува професионална банкарска услуга од советник за клиенти и голем број на придобивки, прилагодени на Вашите потреби преку преку Зона 24/7 и е-банкарство. 

Сетот банкарски услуги Ви е овозможен за месечна провизија од 120 ден, која ќе почне да се тарифира од месец Март и ќе се наплатува на крајот на секој календарски месец од Вашата трансакциска сметка. 

Како клиенти на ПроКредит Банка која Ви нуди 24 банкарство и пристап до Вашите сметки во секое време, за работа со банката ќе Ви биде потребно да користите СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ. Сетот вклучува картички за банкомати за плаќања во продавници и на интернет, електронско банкарство како и СМС нотификација. Дополнително, како екстра придобивка сите денарски плаќања во земјата преку е-банкарство ќе можете да ги реализирате БЕЗ ПРОВИЗИЈА.  
Повеќе не е потребно да плаќате за сите услуги поединечно, сега е сè вклучено во една единствена провизија, која е лесно да се следи на Вашиот месечен извод.   
 
Уникатните предности на услугите се следните:

Сметки во сите валути 

Дебитна картичка
Картичките на ПроКредит Банка се мултивалутни 
Со само една картичка имате пристап и преглед на трансакциските и штедни сметки на банкомат во МКД и ЕУР 
Со картичката можете да штедите, да уплаќате и повлекувате од Вашата штедна сметка на банкомат 24/7   

Интернет картичка
За безбедни плаќања на интернет
Имате потполна контрола на салдото на картичката преку електронско банкарство   

Електронско банкарство 
За плаќања од Вашиот дом или канцеларија 
Плаќања на комуналии и трансфери во земјата и во странство  
Опција за менувачница на сопствени сметки

СМС нотификации
Практична информација за сите трансакции на Вашите сметки над 500 денари преку СМС порака на телефон

ИНФО: Доколку не користите дел од горенаведените услуги, потребно е да пополните апликација.    

Бонус: бесплатни денарски плаќања во земјата
Сите регуларни (КИБС) плаќања преку електронско банкарство за комуналии, интерни плаќања како и плаќања кон други банки – се без провизија.

Зона 24/7 

Безбедни и сигурни локации каде можете да уплаќате и повлекувате готовина на современи и модерни банкомати

Единствени Cash IN банкомати за уплати и исплати во ЕУР  

Инфо терминал на кој можете да плаќате на електронско банкарство со токен или да испечатите извод од сметка 

Мобилна апликација 

Инсталирајте ја мобилната апликација на ПроKредит Банка на Вашиот мобилен телефон (пристапете на Android или IStore) 

Имајте преглед на сите Ваши сметки и информации во ПроКредит Банка 

 СЕТ БАНКАРСКИ УСЛУГИ ЗА ЕДНА МЕСЕЧНА ПРОВИЗИЈА

ГОЛЕМ БРОЈ ПОВОЛНОСТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Со нашата дигитална понуда и сетот банкарски услуги имајте целосна контрола на Вашите финансии!

За една месечна провизија ги добивате сите услуги кои Ви се потребни!

  • Трансакциска сметка во МКД и ЕУР
  • Master Card Debit – eдна универзална картичка за сите Ваши потреби

3 бесплатни повлекувања на готовина од банкомати на сите банки во земјатаБесплатно и неограничено користење на Зона 24/73Д технологија за сигурност

  •  Електронско и мобилно банкарство со можност за плаќање
  •  Неограничен број на бесплатни денарски плаќања во домашен платен промет преку е-банкарство (КИБС плаќања)
  •  СМС порака за сите трансакции и приливи на Вашата сметка
  •  Фиксни провизии од само 2,5 за меѓународни плаќања во рамки на ПроКредит Групацијата
  •  Tрајни налози за Вашите вообичаени плаќања без никаков надоместок
  •  Флекс заштеда - Штедна сметка за флексибилно штедење и пристап до истата 24/7 

 Сето ова за месечна провизија од 300 ден! 

10 мил. евра поддршка за мали и средни претпријатија во Република Македонија, поддржано од Фондот за развој на претпријатија и иновации на Западен Балкан

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и три банки од групацијата ПроКредит потпишаа договори за гаранција за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија, Србија и Косово. Ова беше овозможено преку Фондот за гаранции за Западен Балкан, финансирано од Европската Унија во рамки на Фондот за развој на претпријатија и иновации на Западен Балкан.

Целта на Договорите со Фондот за гаранции за Западен Балкан е да се олесни пристапот до финансирање за МСП во Македонија, Србија и Косово, со тоа што ќе им се овозможи кредитна покриеност на вкупно 70 милиони евра од кредитните портфолија на трите држави, во текот на следните две години. ПроКредит Банка Македонија ќе пласира 10 милиони евра во договорениот период.

Директорот на ЕИФ за Гаранции, Секјуритизација и Микро-финансирање, Alessandro Tappi, изјави: „Наше задоволство е потпишувањето на овие три договори за гаранција во рамки на втората фаза од Фондот за гаранции за Западен Балкан за МСП во Македонија, Србија и Косово со ПроКредит Банка, кој е долгогодишен партнер на ЕИФ во регионот. Преку локалните банки на ПроКредит, оваа гаранција ќе го зголеми пристапот до финансии за МСП, со што може да се отворат нови работни места и да се овозможи раст на економиите на трите земји“. 

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, изјави: „Ние од ПроКредит Групација сме многу горди на потпишувањето на овие договори за гаранција во трите земји. Како водечката „матична банка” за МСП во овој регион, ние секогаш се стремиме кон понуда на подобри решенија за малите и средните претпријатија во земјите каде што работиме“. 

Емилија Спировска, член на Управниот Одбор на ПроКредит Македонија, нагласи дека ПроКредит Банка продолжува да дава свој придонес кон економската интеграција и балансираниот економски развој на земјата, со обезбедување иницијативи и понуди што ќе бидат соодветни на тековните трендови и потреби на бизнисите. „Овој договор ќе им овозможи на бизнисите во Македонија да се фокусираат на инвестиции и долгорочни планови, што е многу значајно, затоа што таквите вложувања придонесуваат кон развојот и создавањето работни места во Македонија, а така се создава вистински напредок.“, изјави Емилија Спировска.

_______________________________ 

Информации за ЕИФ

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европската Инвестициска Банка. Неговата главна мисија е поддршка на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Европа, обезбедувајќи им пристап до финансии. ЕИФ дизајнира и развива капитал за вложување и раст, инструменти за гаранции и микро финансии, кои се конкретно насочени за овој сегмент на пазарот. Во својата улога, ЕИФ ги негува целите на ЕУ за поддршка на иновации, истражување и развој, претприемништво, раст и вработување.

За ФИРП ЗБ

Фондот за иновации и развој на претпријатија за Западен Балкан (ФИРП ЗБ) е иницијатива финансирана од ЕУ, чијашто цел е да ги зголеми финансиските ресурси достапни за МСП со седишта во Западен Балкан, како и да го поддржи развојот на приватниот сектор, социо-економскиот развој и процесот на пристапување во ЕУ ширум регионот. Капиталот од 145 милиони евра што е достапен во рамки на овој фонд од ЕУ, меѓународните финансиски институции (МФИ), корисниците и билатералните донатори ефективно ќе го преточат во преку 300 милиони евра за директно финансирање за МСП во регионот. Фондот за гаранции претставува еден столб на ФИРП ЗП кој е насочен кон МСП што имаат потенцијал за раст и што имаат потреба од заем за покривање на нивните потреби за финансирање за инвестиции и обртни средства.

Фондот го координира Европскиот фонд за инвестиции и истиот се спроведува во блиска соработка со владите од Западен Балкан, Европската Комисија, Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). МФИ, меѓународните организации и билатералните донатори кои се активни во регионот, како што се Светската Банка, ГИРК (DEG), ОЕСР (OECD) и други, учествуваат со цел да се рационализираат нивните напори за развивање на приватниот сектор во Западен Балкан.

Информации за групацијата ПроКредит

ProCredit Holding AG & Co. KGaA, со седиште во Франкфурт, Германија, е мајка- компанија на меѓународната групација ПроКредит, која е се состои од банки со фокус во Југоисточна и Источна Европа, специјализирани за банкарска услуга за МСП. Групацијата ПроКредит исто така работи и во Јужна Америка и во Германија. Основните акционери во ProCredit Holding AG & Co. KGaA се стратегиските инвеститори “Zeitinger Invest” и “ProCredit Staff Invest” (креирана за инвестициски инструменти за персоналот на ПроКредит), Холандската фондација “DOEN”, Германската развојна банка “KfW” и “IFC” (Групација на Светската Банка). ProCredit Holding AG & Co. KGaA e под супервизија, на консолидирана основа, како надредена компанија на ПроКредит Групацијата во согласност со Законот за банкарство во Германија од страна на Германската Федерална Управа за финансиски надзор (Bundesanstalt für Finanzdienstleistungsaufsicht, BAFIN), како и Дојче Бундесбанк. За повеќе информации, посетете ја веб страницата: www.procredit-holding.com.

Информации за ПроКредит Македонија

ПроКредит Македонија е развојно ориентирана банка која нуди висококвалитетна услуга за мали и средни претпријатија. Банката работи согласно концептот Матична Банка за МСП во Македонија и нуди поддршка за кредитирање на развојно оориентирани претпријатија. ПроКредит Македонија е дел од ПроКредит Групацијата на Банки кои делуваат во Југоисточна Европа, Германија и Јужна Америка.

ПроКредит Холдинг излезе на берзата во Франкфурт 

Од 22 декември 2016 година, ПроКредит Холдинг АГ & Цо. КГаА (ПроКредит Холдинг), холдинг - компанијата на меѓународната групација на банки ПроКредит, се наоѓа на регулираниот пазар (Prime Standard) на берзата во Франкфурт (Frankfurter Wertpapierbörse) во Германија. Ова обележува уште еден чекор понапред во успешниот развој на ПроКредит, од нејзиното основање како банкарска групација во 2003 година. 

Со ова излегување на берзата во Франкфурт, ПроКредит Холдинг се отвора за инвеститори што можат да се поистоветат со единствениот пристап на групацијата кон банкарството и со етичката корпоративна мисија што ја спроведуваат и одржуваат добро обучени вработени во секоја ПроКредит банка.
 
Како млада, современа и високо интегрирана банкарска групација која е многу добро воспоставена во банкарските сектори на земјите во развој во кои таа работи, групацијата ПроКредит верува во економскиот развој кој е во согласност со нејзините еколошки и социјални критериуми. Нејзиниот фокус е на Југоисточна и Источна Европа, каде што работи како матична банка за мали и средни претпријатија во регионот. Групацијата придава големо значење на поттикнувањето претприемништво преку соработка со формализирани, прогресивни мали и средни претпријатија што имаат одржливи бизнис модели.
 
Излегувањето на ПроКредит Холдинг во под-сегментот на (Prime Standard) на берзата во Франкфурт, дополнително ја истакнува посветеноста на ПроКредит на транспарентноста, како вредност на која групацијата е посветена од нејзиното основање и во текот на нејзиниот константно профитабилен развоен пат.
 
Прифаќањето на ПроКредит Холдинг како член на берзата во Франкфурт, пред сè, е добра вест за малите и средни претпријатија кои се клиенти на ПроКредит банките, бидејќи ова ќе значи многу подобра можност  за поддршка на нивниот развој и ширење како резулат на тоа што  ПроКредит Холдинг  ќе има подобар пристап на пазарот на капитал. 
 
Повеќе информации: http://www.procredit-holding.com/

ПроКредит Банка го сертифицираше системот за управување со животна средина со ISO 14001:2015

ПроКредит Банка успешно го заврши процесот на сертифицирање на Системот за управувње со животна средина со меѓународниот сертификатот ISO 14001 – 2015. Процесот на сертификација беше изведен во текот на Декември 2016 со што ПроКредит стана првата банка во Македонија со ваков сертификат.
 
Интергрален дел од клучните вредности на ПроКредит е Системот за управување со животна средина со кој банката континуирано придонесува кон намалување на негативниот импакт на околината. Ефикасното користење на ресурсите во интерните процеси е една од основните причини за намалување на CO2 емисиите во воздухот кој ги емитува секој деловен објект. Чинот на сертификација претставува потврда за успешно воспоставениот систем и институционалната пракса на оддржливо деловно работење од аспект на животната средина и усогласеност со домашните и меѓународните стандарди за зачувување на околината.
 
“Нашата посветеност кон заштита на животна средина може да се согледа преку активностите кои ги применуваме во секојдневното работење. Воведовме електрични возила во нашиот возен парк и со новите две кои ги очекуваме во првата половина од годината ќе располагаме со вкупно седум возила. Користиме обновливи извори на енергија за греење, ладење и производство на струја со што придонесуваме кон намалување на негативното влијание кон околината. Во континуитет имплементираме мерки за ефикасно користење на енергијата и ресурсите кое резултираше во намалена потрошувачка на хартија за 70% и енергија за 40% за последните три години” Изјави Методија Миноски, Одговорен во Одделот за Управување со животна средина во ПроКредит Банка.
 
Дополнително, ПроКредит Банка има пласирано преку 35 мил ЕУР во кредити за инвестиции кои имаат позитивен придонес кон заштитата на околината, заштедата на енергија и искористување на обновливи извори на енергија и е првата банка во Македонија која нуди еко штедење.
 
Со ова ПроКредит Банка наметнува нови стандарди во банкарскиот сектор со цел поодговорно управување со нашата животна средина.  