1

Во февруари организиравме едукативен виртуелен настан со студентите од Економски факултет

Во текот на февруари во соработка со Економскиот Факултет – Скопје, организиравме едукативна работилница за студентите од четврта година од департманот Финансиски Менаџмент на тема Одржливо финансирање.

Целта беше преку практични примери да придонесеме кон поттикнување на свеста на идните генерации економисти за значењето на концептот за одржливо работење. Овој концепт  подразбира многу повеќе од само економска одржливост бидејќи ги зема предвид и општествената и еколошката одржливост.  Ваквиот начин на комплетно разбирање на моделот на одржливост претставува неопходен одоговор на секој еден економски чинител во борбата против климатските промени со кои се соочуваме. Притоа, одговорноста и улогата на финансиските институции во овој сегмент е исклучително значајна и треба да биде најмалку пасивна.

Од една страна, банките преку кредитните пласмани наменети за оддржливи инвестиции, во голема мера можат да ја стимулираат економијата во процесот кон одржлива трансформација. Трансформација која ќе ја намали зависноста од фосилни горива и емисијата на стакленички гасови, ќе ја подобри енергетската ефикасност, соодветното ќе го третира и реупотребува отпадот и ќе ја засили социјалната заштита на вработените и опкружувањето.

Од друга страна, банките имаат можност и одговорност да се дистанцираат од проекти кои се општествено и еколошки неодржливи или да предложат конкретни мерки за трансформација или намалување на нивниот негативен социјален и еколошки импакт со кои ќе го условат финансирањето.

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13