Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

1

 

Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на БББ-. Потврда за кредитниот рејтинг доби и команијата мајка ПроКредит Холдинг (БББ) и уште 5 банки од ПроКредит групацијата.

Потврдувањето на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на 'БББ-’ е резултат на позитивните бизнис резултати од работењето на банката, меѓу кои еден од позначајните е високо квалитетното кредитно портфолио сo стапка на нефункционални кредити за неколку пати пониска од стапката на банкарскиот сектор во земјата, стабилното депозитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност.

Од дополнително значење за потврдата на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје се и стратешката важност на Банката и поддршката од акционерите, пред сѐ поддршката која ПроКредит Банка АД Скопје ја добива од единствениот акционер ПроКредит Холдинг, со седиште во Фракфурт Германија, а потоа и поддршката, која ПроКредит Холдинг ја добива од своите акционери: KfW (Германска Банка за поддршка и развој), IFC (Меѓународна финансиска корпорација, сестра компанија на Светска Банка) и фондацијата DOEN. Покрај веќе споменатите акционери, ПроКредит групацијата добива долгорочна поддршка и од клучните акционери Zeitinger Invest  и ProCredit Staff Invest кои имаат и стратешка контрола врз работењето на групацијата.

Fitch Rating потенцира дека од големо значење за стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките е балансирањето на ризиците кои произлегувата од работењето на пазарите во развој, стручноста концентрирана во секторот за мали и средни претпријатија и нискиот апетит за превземање на ризици што резултира со надпросечен кваллитет на активата.

Предноста на ПроКредит Банка е уникатната корпоративна култура, која е имплементирана во сите ПроКредит Банки, високите етички стандарди, високо квалитетна услуга за мали и средни претпријатија, кои придонесуваат за развој на локалните економии, како и добро поставеното електронско банкарство, кои го олеснија работењето во пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.

ПроКредит Банка АД Скопје е првата и единствена банка во С.Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings уште од 2005 година. Кредитниот рејтинг на Банката не може да биде повисок од висината на рејтингот на земјата, кој вообичаено е за едно ниво повисок од доделениот кредитен рејтинг на земјата. Па така, ПроКредит Банка АД Скопје и оваа година е оцената со кредитен рејтинг кој е едно ниво повисок од кредитиниот рејтинг на С. Македонија- ББ+ со негативни изгледи. Вака утврдениот рејтинг е максималниот кредитен рејтинг кој една институција во Северна Македонија може да го добие.