ПроКредит Банка партнер од доверба на компанијата Лами Груп

Комапнијата LAMI GROUP е здружение на компании, која се занимава со производство и преработка на мермер и гранит, но неодамна ја прошири дејноста и во индустријата за мебел.

111

Нашата компанија е семеен бизнис основан во 1993 година, и продолжува да постои и денес. Нудиме Мебел со висок квалитет, дизајн и неспоредлива удобност увезен од Италија и од познати производители, како што се Франкофери, Максдивани и Натузи.

Бизнисот го започнавме во Македонија и во текот на годините го проширивме во регионот во Албанија и Косово, пазари на кои се работи преработка на материјали. Делот од нашата компанија кој се занимава со производтсво и преработка на меремер и гранит во текот на годините отвори голем број на работни места во своите погони. Нашите вработени се грижат на крајните купувачи да им овозможиме високо квалитетни производи.

Со поддршката од ПроКредит Банка успеваме непрекинато да го развиваме бизнисот, а со 24 часовната поддршка преку дигиталните платформи во било кое време ги  процесираме сите наши трансакции.

Регионално присуство на банката соодветствува со нашето регионално присуство, со што се овозможува лесно комуницирање меѓу сестринските банки при потреба.

Нашата цел  е  да ја преобразиме нашата работа во доверба и услуга кон клиентите, со цел соработката да биде што подолга.