Во 2020 година заштедивме 15.000 MWh електрична енергија

Заштедата на електрична енергија е од суштинска важност како за заштеда на финансиски средства така и за заштита на природните ресурси кои се користат за нејзино производство. Ние во 2020 година преку финансирање на изградба на обновливи извори на енергија како фотоволтаици и хидроцентрали, енергетски ефикасни згради и набавка на енергетски ефикасна механизација и системи за греење остваривме заштеда од приближно 15000 MWh во соработка со нашите клиенти.  Оваа заштеда е еквивалентна на просечната потрошувачка на речиси 2500 домаќинства во Македонија. Со инвестирање во ефикасен систем за греење, изолација и прозори, големо намалување на сметки за струја може да постигнете и Вие.

1