ПроКредит Банка и ЕВН организираа работилница на тема инвестиции во фотоволтаични системи

1

ПроКредит Банка во соработка со ЕВН организираше работилница наменета за компаниите од Тетово и поширокиот регион, на која беа презентирани придобивките од инсталирање и можностите за финансирање на Фотоволтаични системи за сопствена употреба.

Во услови на континуиран раст на цените на струјата, можноста компаниите сами да произведуваат енергија и да задоволат дел од сопствената потрошувачка, значајно заштедува на сметките за струја.

Покрај економските придобивки, со оваа инвестиција компаниите активно учествуваат во енергетската декарбонизација и ја намалуваат сопствената емисија на стакленички гасови.

ПроКредит Банка активно ја промовира инвестицијата во фотоволтаични централи наменети за сопствена употреба кај компаниите. Веќе во Октомври продолжуваме со нови работилници овој пат наменети за компаниите од Скопје.

1