Политика на приватност

Политика за приватност на ПроКредит Банка АД Скопје

Грижата за клиентите и нивната приватност претставува приоритет во ПроКредит Банка АД Скопје.

Политиката за приватност дава информации за начинот на кој ги собираме, одржуваме и управуваме неопходните лични податоци при посета на нашата официјална интернет страна и/или кога користите некоја од нашите банкарски услуги.

Нашата работа се заснова на меѓусебна доверба со клиентите. Довербата и заштитата на податоците се еден од основните принципи врз кои се заснова работата на банката.  Додека ги користите нашите интернет услуги можете да внесете лични податоци, на пример Вашето име и/или адреса на живеење, како и други информации за идентификација.

Покрај тоа, можете да ја посетите нашата веб-страница за да добиете информации без банката да има информации за кое лице се работи. Банката чува информации што ги испраќа вашиот пребарувач, но кои не можат директно да се припишат на идентификувани или препознатливи лица. Овие податоци ќе се користат само за статистички цели. Како индивидуален корисник, ќе останете анонимен. Дополнителни информации за користењето на веб-страницата и создавање на датотеки за евиденција може да најдете тука

Користењето на Вашите информации е во согласност со Законот за заштита на личните податоци и другите применливи законски и подзаконски акти. Сите лични информации се шифрираат во транзит за да се спречи нивна злоупотреба од трети лица. Вашите лични информации се обработуваат и се користат исклучиво заради проверка и спроведување на договор или како дел од постапување по доставено барање до банката од Ваша страна. Вашите лични информации ќе бидат пренесени на трети лица само со Ваша согласност или ако банката е законски обврзана да го стори тоа. Во секое време можете да ја повлечете дадената согласност со иден ефект. Повеќе за постапката може да најдете во Изјавата за приватност на ПроКредит Банка. 

Ако имате прашања во врска со заштитата и чувањето на личните податоци, можете да контактирате со одговорното лице за заштита на податоци директно на:

Офицер за заштита на лични податоци

Јасмина Карадиновска
E-маил адреса: mkd.dataprotection@procredit-group.com 
Контакт телефон: + 389 2321 95 95 

По доставено барање од Ваша страна, банката во законски пропишаниот рок ќе Ви овозможи пристап до личните податоци што се однесуваат на Вас, а кои банката ги чува и обработува согласно закон.

Услови за користење на ПроКредит Банка АД Скопје