Заштитено пријавување

Нашата цел е да промовираме непристрасна комуникација во рамките на ПроКредит Банка, како и во рамките на ПроКредит групацијата, заснована врз заеднички „етички компас“ и да создадеме професионална средина во која искрената и кредибилна комуникација се основа. Сите вработени на ПроКредит банка, како и нашите клиенти, деловни партнери и пошироката јавност, носат одговорност за забележување и јасно решавање на незаконското, неетичко и/или било кое однесување со намера измама.
Заштитеното пријавување се користи кога вработен во ПроКредит Банка, соработник, клиент или било кое физичко и правно лице ќе сподели информација во однос на преземени дејствија кои биле извршени со намера прекршување на закон, или пак дејствија кои може да доведат до прекршување на етичките и правните нормативи, вклучувајќи и прашања поврзани со општествената одговорност и одговорноста кон животната средина. 
Ги охрабруваме секој од вработените на ПроКредит Банка, како и секој од нашите соработници, клиенти, или било кое физичко и правно лице да пријави било какво прекршување на правни и етички нормативи преку системот за заштитено пријавување на ПроКредит Банка. 
Доколку сте забележале и сакате да споделите информација, поврзана со деловните активности на банката, а во однос на преземени дејствија кои биле извршени со намера прекршување на правни (законски) и етички нормативи вклучувајќи и прашања поврзани со општествената одговорност и одговорноста кон животната средина, може да не контактирате на следната е маил адреса: mkd.whistleblowing@procredit-group.com.