1

ПроКредит Банка организираше акција за пошумување на планината Пониква

ПроКредит Банка како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам во соработка со ЈП Национални Шуми во текот на ноември организираше акција за пошумување, кое се изврши во ШСЕ Осогово ll, опожарено во 2019 година на планината Пониква.

„Оваа акција за садење дрва е дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, и првата со која ги започнуваме активностите за есенско садење на зелени површини. Засадивме 7.500 садници дрва на површина од 3 хектари заедно со ЈП Национални Шуми.

Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет, а со посадување на зеленило сите заедно може да придонесеме за почист воздух и зачувување на животната околина во борбата против климатските промени.

Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина.

  • 1
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1