1

ПроКредит Банка организира садење дрва во соработка со Општина Карпош

ПроКредит Банка како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам во соработка со Општина Карпош донираше садници и заедно организиравме акција за засадување на листопадни дрва и жива ограда во дворот на ОУ„Лазо Трповски“со цел зачувување на животната околина во која живееме и работиме.

Со оваа акција, ПроКредит Банка заедно со своите вработени придонесува за подигнување на еколошката свест и подобро утре за сите нас.

„Оваа есенска акција за садење дрва е дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, преку која во текот на целата година организираме различни активности со кои сакаме да дадеме придонес во зачувување и унапредување на животната средина. 

Имајќи предвид дека аерозагадувањето е еден од најсериозните проблеми во нашиот град, со посадување на зеленило сите заедно може да придонесеме за почист воздух и здрава животна средина.“ – Изјави Методија Миноски координадорт на одделот за животна средина во ПроКредит Банка

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 1