1

ПроКредит Банка организираше акција за донација на облека за Црвен Крст

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија, преку иницијативата Се грижам Делувам Менувам и за 2021 година направи план кој опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина и социјалната одговорност.

Првата акција оваа година ја започнавме заедно со нашите вработени. Имено во текот на месец јануари организиравме настан за донација на добро сочувана облека, чисти обувки, играчки, училишен прибор, кои не ги користиме повеќе, и целата количина на собраната донација ја доставивме во Црвениот крст.

Текстилниот отпад има значаен негативен импакт врз животната средина бидејќи најчесто завршува на депонии, има голема опасност од негово запалување и со тоа допринесува кон пораст на загадувањето.

Придружете ни се за заедно да се грижиме, делуваме и менуваме за чист воздух и здрава животна околина.

ПроКредит Банка Чекор пред другите!

  • 1
  • 2
  • 1
  • 1
  • 1
  • 1