1

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија и во 2021 година продолжува со организација и реализација на зелени активности, како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам. 

ПроКредит Банка организираше донација на чешми во Општина Аеродром кои се приклучуваат на  копче  на местото на две јавни чешми кои бележеа најголема потрошувачка на вода, со цел да поттикнеме заштеда на водни ресурси.

Новите чешми кои ги дониравме и инсталиравме доведуваат до 70% заштеда на вода во споредба со претходните. Ова значи заштеда на приближно 3600 м3 вода на годишно ниво, еквивалентно на водата потребна за полење на 1.4 Олимписки базени.

Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина во борба против климатските промени. Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет.

  • 1
  • 1