Оние кои редовно ја следат состојбата на својата сметка повеќе заштедуваат и поодговорно раководат со своите финансии.
За поедноставна банкарска услуга и помали трошоци Ви нудиме електронско банкарство.
 
Електронското банкарство од ПроКредит Банка Ви овозможува:
  • Информација во реално време за сите приливи и одливи на Вашите сметки
  • Плаќања преку заштитена конекција, онлајн-совети за сигурност и безбедност
  • Домашен платен промет
  • Меѓународни плаќања
  • Групни плаќања со датотека (повеќе плаќања одеднаш)
  • Плаќање комуналии
  • Менувачко работење
  • Електронска пошта од банката (информативни пораки, добивање SWIFT и сл.)
  • Повлекување на средствата од дозволеното пречекорување на сметката
  • Можност за користење на КИБС / Телеком дигитален сертификат за електронски трансакции (преземи апликација)
  • Moжност сертификатот за електронско банкарство да биде инсталиран на повеќе компјутери


Дополнителни можности за правни лица:

  • Трансфер на плати
  • Едно корисничко име за сите сметки за кои е овластен клиентот 
  • Експортирање изводи во сметководствена програма
  • Можност да се овласти друго лице да врши плаќања во име на клиентот или само да има увид во сметки, да печати налози или изводи
  • Можност за различни нивоа на пристап (заради двојна контрола, пр. едно лице подготвува налози, друго потпишува)
 

 
Со цел полесно процесирање на налози преку електронско банкарство, погледнете ги видеата со визуелни инструкции:
 
               
               
        
 
 

Имате 24/7 поддршка од Контакт-центарот на Банката за Вашите електронски трансакции и можност за откажување на подготвен или испратен налог доколку веднаш реагирате со повик во Контакт-центарот на Банката.
 
 
Како да аплицирате за електронско банкарство:
можете да аплицирате онлајн  или да се обратите во која било експозитура на ПроКредит Банка (мрежа на експозитури).

За дополнителни информации обратете се во Контакт-центарот на 02/2446 000 или на info@procreditbank.com.mk